На Барселона пак и остана само сон да го освои „Балаидос“ (Видео)

Фудбалската икона на Селта, Јаго Аспас со мајсторски гол од слободен удар го сопна лидерот Барселона, шести пат по ред на „Балаидос“, а вечерва двете екипи одиграа нерешено 2:2.

Аспас итро погоди во 88. минута и ја задржа Барселона на дистанца во Виго, а Каталонците последен пат славеа на за нив тешкото гостување во 2015 година.

А, имаа шанса за победа и сопирање на незгодната серија против Селта на гостински терен, бидејќи двапати водеа.

Лионел Меси со мајсторски потег му помогна на Луис Суарес во 20. минута да погоди по вторпат во 2020 година.

https://www.youtube.com/watch?v=3sBa3O0LFLM

Смолов израмни во 50. минута, а повторно Суарес погоди за 1:2, предност што Барселона ја имаше до самиот финиш, но повторно не успеа да победи во Виго и сега може да го загуби првото место, ако Реал Мадрид утре го победи Еспањол.

https://www.youtube.com/watch?v=M7Hok6uVa0s

Барселона со меч повеќе остана лидер на табелата со 69 бода, пред Реал со 68. Селта се задржа на 16. позиција со 34 бода на шест кола до крајот на првенството.

https://www.youtube.com/watch?v=sOkaUQSHXDc

 

- Оглас -

Најнови вести