На бејзбол-играчите од МЛБ-лигата им е дозволено да користат марихуана

Раководството на МЛБ-лигата потврди дека користењето канабис од страна на играчите ќе биде третирано исто како алкохолот. Стартувајќи од 2020 година, марихуаната ќе биде тргната од листата на забранети супстанци, што значи дека бејзбол-играчите ќе може слободно да ја конзумираат „рекреативната дрога“.

Исто така ќе бидат отстранети и сите примероци кои се користат за тестови на опијати, фенетилин, кокаин и ТХЦ. Сепак, на играчите кои ќе бидат позитивни на опијати ќе им биде доделено адекватно лекување, а ќе има дополнителни сакнции за оние кои нема да соработуваат според новоспроведената програма.

За оваа смена на правилата придонесе смртта на членот на Лос Анџелес ејнџелс, Тајлер Скагс, кај кого беа пронајдени непознати количини на оксикодон, фенетилин и алкохол во организмот. Имено, Тајлер беше пронајден мртов во една хотелска соба во Тексас на 1 јули годинава.

- Оглас -

Најнови вести