На бејзбол-меч во Тајван дури и маскотите со маски, само чирлидерките заборавени

Бејзболот на Тајван е спорт број 1 и таму се игра и покрај корона-вирусот. Интересно е што навивачите на трибините седеа на дистанца еден од друг и притоа носеа заштитни маски. Дури и маскотите добија големи маски, само девојките задолжени за забавување на публиката, популарните чирлидерки, немаа маски.

Сезонава на Тајван треба да се одиграат 240 натпревари со публика на трибините (претходно имаше кукли) и според фотографиите, сите се заштитени освен чирлидерките на кои им е дозволено да шетаат без маски бидејќи тешко дека некој заборавил да им даде маски.

 

- Оглас -

Најнови вести