На „чавките“ им се лизнаа два бода против „волците“

Њукасл го делеа секунди од голема победа на гостувањето кај Вулверхемптон, но огромен кикс на голманот Мартин Дубравка, му овозможи на Вили Боли да даде гол во 95 минута и да изедначи на 1:1, носејќи му бод на својот тим. Гостите поведоа со гол на Ајзак Хејден, негов втор гол во Премиерлигата.

Њукасл по 11-ти пат сезонава одигра 0-0 по првото полувреме, но не е рекордер, бидејќи Кардиф, Евертон и Саутемптон имаат по 12. „Чавките“ на последните пет гостувања, не загубиле на гостување кај Вулфс, но вечерва тие ќе се чувствуваат како губитници, бидејќи победата им се лизна низ рацете на Дубравка кој во својот петерец не ја искористи предноста што ја има со тоа што смее да игра со раце.

Со овој бод, „волците“ се доближија до својот рекорд на освоени бодови во Премиер, и тоа на 13 кола до крај. Вулфс никогаш немале четири победи по ред во Премиерлигата, испуштија прилика да го сторат тоа, но за нив и ремито е премија. Првите шест места на табелата се резервирани за Ливерпул, двата тима од Манчестер, и лондонските Тотенхем, Челзи и Арсенал, а најдобар меѓу „остатокот“ е токму Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести