На Чеканите не им се погоди распоредот, гостување кај лидерот е еднакво на пораз

Ливерпул – Вест хем (21ч, Премиер лига)

Со презакажувањето на дуелот против Манчестер сити, на Вест хем му се погоди да одигра три гостувања во низа против екипите кои се на врвот во Премиер лигата. Од Граѓаните загубија со 2-0, претходно од Лестер примија четири гола, а и вечерва им се предвидува разочарување со оглед да тоа дека гостуваат кај лидерот Ливерпул.

Во досега 26 одиграни натпревари, само Манчестер јунајтед успеа да им украде бод на неприкосновените фудбалери на Јирген Клоп, па на ред е да ја запишат и 14-тата победа на домашен терен. Чеканите примија по четири гола на последните две гостувања на „Енфилд“, а нема да биде чудно ако се случи и по третпат во низа.

Предлог тип: 1-1 & 2-4 гола (2.85)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Унион Берлин (20:30ч, Бундеслига)

Берлинците не паметат победа против Ајнтрахт, ниту од периодот кога се пресметуваа во Цвајта. Затоа екипата од Франкфурт вечерва без проблеми ќе оствари двојна победа против Унион, бидејќи славеше и на гости со 2-1.

Ајнтрахт покажа дека е во добра форма во дуелот против Салцбург во Лигата на Европа кој го доби со убедливи 4-0, па и без главниот напаѓач Бас Дост ќе успее во намерата повеќектратно ја да тресе мрежата на противникот. Со евентуален триумф, домашниот состав колку толку ќе влезе во битка за местата кои водат во Европа.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.45)

 

Жил Висенте – Бенфика (20:30ч, Примеира лига)

Бенфика вечерва мора да ги освои бодовите за да се врати на чело на табелата во португалскиот шампионат, во спротивно Порто ќе биде лидер по 22 кола. Актуелниот првак ги загуби претходните два меча против ривалите Порто и Брага и влезе во проблеми откако цела сезона досега стоеше на врвот.

Екипата на Жил Висенте е редовен пациент на Бенфика без разлика на кој терен се игра мечот, веќе две децении Орлите непоразени го напуштаат стадионот од предградитето Барселос во Брага. Бенфика воедно е најефикасниот тим во лигата, додека во улога на гости прими само шест гола на десет меча оваа сезона.

Предлог тип: 2 сигурна (2.35)

 

Макаби Тел Авив – Хапоел Тел Авив (19:15ч, Прва лига Израел)

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски вторпат ќе учествува во градското дерби меѓу Макаби и Хапоел, а на неговиот тим му се предвидува слично сценарио какво што доживеа на почетокот од декември минатата година. Макаби како гостин славеше со убедливи 3-0, а знаејќи дека сезонава се без пораз во 24 меча и водат во трката за шампионската титула, Хапоел може да го снајде дежа ву.

Хапоел речиси и да заборави како е да се победува на „Блумфилд“ стадионот, последен пат таков успех оствари во 2011 година, а од тогаш победија само уште еднаш во вкупно 19 средби.

Предлог тип: 1 & 1+ полувреме (1.85)

 

Ризеспор – Басакшехир (18ч, Супер лига)

Басакшехир со евентуален триумф привремено ќе застане на лидерската позиција во турскиот шампионат. Клубот од Истанбул не би требало да има проблеми против екипата на Ризеспор ако се знае дека во рамки од првенството веќе пет години не загубиле во директна пресметка.

Басакшехир овој месец претрпе само еден пораз и тоа од Спортинг Лисабон во Лигата на Европа, а овој дуел е убава шанса за гостите да го преболат разочарувањето кое го претрпија во португалската метропола.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.05)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести