На чекор од историја, Струга е на 180 минути од групите во Конференциската лига

Струга Трим Лум загуби со 1-2 на гостувањето кај Есперанж во Луксембург и тоа беше доволно за пласман во плејофот за влез во групите во Конференциската лига бидејќи на првиот меч во Скопје, Струга победи со 3-1. Во бараж-дуелите, стружани ќе играат со исландскиот првак Брејдаблик.

Повторно искусниот Бесарт Ибраими беше јунак на Струга, го даде клучниот гол за водство од 1-0. Во второто полувреме домашните направија пресврт, но голот за победа го постигнаа доцна, во 94-тата минута.

Лоша вест за стружани е црвениот картон на Марјан Радески, па тој нема да игра на првиот меч, можеби ни на реваншот против Брејдаблик.

Стружани најавија дека на 24 август како домаќини ќе играат во албанскиот град Елбасан затоа што Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе биде затворена минимум до мечот со Италија на 9 септември.

- Оглас -

Најнови вести