На четири тикети за по едно голче вкупно „избегаа“ над ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ

Секој тикет си е приказна за себе, но посебен адреналин носат оние ливчиња кои се направени за со малку пари да се добијат големи суми. Понекогаш среќата ќе се насмее, но има тикети кога буквално само за едно голче нема да се израдувате на голема добивка. Таквите тикети се доказ дека неверојатните добивки се на дофат, само некогаш среќата едноставно ќе го сврти грбот. Такви се следните четири тикети, кога буквално фалело само еден гол за обложувачите да заработат вкупно над ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ.

На тикетот уплатен само со 100 денари, одиграни се осум меча со иста комбинација, а тоа е да има еден до два гола во првото и еден до два гола во второто полувреме. Седум меча се погодени, а тикетот не е добитен само затоа што на Бенфика – Портимоненсе немаше погодок во првото полувреме.

Гостите победија со 1:0, а голот беше постигнат во второто полувреме. Вкупната добивка на овој тикет ќе изнесуваше над половина милион денари.

Речиси иста тактика имал и обложувачот кој во Ѓорче Петров уплатил 100 денари на 11 мечеви, со тоа што сите дуели се одиграни да има меѓу еден и три гола во првото полувреме и еден до три гола во вториот дел. Погодени се 10 мечеви, а единствено киксна на дербито од англискиот фудбал меѓу Ливерпул и Манчестер сити.

Дуелот на „Енфилд роуд“ заврши 2:2, но лошото е тоа што сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме, а во првиот дел беше 0:0. Доколку само еден гол од овие четири бил во првите 45 минути, тикетот ќе беше добитен на повеќе од 200.000 денари.

Едно голче фалеше и за тикетот уплатен на 50 денари, а повторно се работи за добивка над 200.000 денари. На 11 одиграни дуели, играта е да има барем по еден погодок во првото полувреме, а на крајот да бидат постигнати најмалку три погодоци.

Десет меча завршија според посакуваниот тип, а единствено Карлајл – Форест Грин. Гостите водеа со 2:0 веќе во 32-рата минута и во следните еден час игра требаше да има само уште еден погодок во која било мрежа, но резултатот остана непроменет.

Дека и во денови како што беше вчерашниот може да се направи супер тикет на којшто му фалеше „трошка“ среќа, покажува и овој уплатен во Драчево. На седум меча со двојна комбинација со 20 уплатени денари, добивката е над 200.000 денари.

Единствената утка е на дуелот од романското првенство меѓу Академика и Ботосани. Типот е 2&2-3 гола, а дуелот заврши 1:1, што значи дека гостите требало да дадат само уште еден гол за да биде ливчето добитно.

Сите овие четири тикети се доказ за сите оние коишто не веруваат дека со ситна уплата, може да се направи одлична добивка.

- Оглас -

Најнови вести