На Далас не му помогна ни ВАР-системот – Тампа беј израмни во финалето во НХЛ (Видео)
Грмотевиците го добија вториот меч со 3:2 и се вратија во игра за пехарот во Стенли купот.

Неполни четири минути фуриозна игра им беа доволни на хокеарите на Тампа беј лајтнинг да го нокаутираат Далас во вториот меч од финалната серија за пехарот во Стенли купот и да израмнат на 1:1.
Брендан Поинт прв погоди во 12-тата минута за предност на Грмотевиците, а по него мрежата на Старс ја погодија и Андреј Палат во 15-тата минута и неполни 60 секунди подоцна и Кевин Шатенкирк за убедливи 3:0 по првиот период од 20 минути.
Далас, кој го доби првиот меч од финалната серија со 4:1, успеа само да намали на 2:3 со головите на Павелски и на Јанмарк, а на популарните Ѕвезди од Западната конференција не им помогна ниту ВАР-системот.
Тампа постигна и четврти гол на десет минути до крајот на вториот меч од серијата до 4 победи за пехарот во Стенли купот, но не беше признат по реакцијата на поразениот тим.