На дебито асистираше за победа, па со еден збор кажа која е разликата меѓу ПЛ и Ла Лига (видео)

Рафаел Варан вчера го одигра првиот натпревар во дресот на Манчестер јунајтед и веднаш го даде својот придонес за екипата, асистирајќи му на Гринвуд за победничкиот гол против Вулверхемптон.

Така Црвените ѓаволи остварија нов рекорд во англискиот фудбал без пораз во 28 гостински натпревари, а Варан веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Оле Гунар Солскјер.

По натпреварот, норвешкиот стратег го праша Варан дали беше исто да се игра премиерлигашки меч како во шпанското првенство, односно дали интензитетот на играта е идентичен, а Варан кратко одговори со „не“.

- Оглас -

Најнови вести