На ден пред Ел Класико, Пике ја нападна управата на Барселона

На еден ден пред првото Ел Класико во новата сезона, Жерар Пике, долгогодишниот член на Барселона, го прекина својот молк и ја нападна управата на клубот околу скандалот кој се случи на почетокот од оваа година.

Се појавија бројни шпекулации дека претседателот Жозеп Бартомеу изнајмил компанија да шири дезинформации за ѕвездите на Барса на социјалните мрежи и напоредно да се чисти имиџот на клубот, шпекулација која подоцна управата ја демантираше.

По подолг период откако се разбра за скандалот, Пике се обрати на јавноста без грижа на совест.

„Невидена срамота е што клубот трошеше пари за да нè оцрнува во јавноста“, истакна Пике за шпанските медиуми.

Еден од капитените на шпанскиот вицепрвак треба да се појави на теренот на „Камп ноу“ утре во 16 часот, додека поради црвен картон ќе ја пропушти мегапресметката меѓу Јувентус и Барселона идната среда во рамки од второто коло во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести