31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

На денешен датум Џордан стана ѕвезда, од Мајк се претвори во Мајкл (Видео)

На 29 март 1982 година во Њу Орлеанс, се играше финалето на фајнал-форот во НЦАА лигата, еден против друг се најдоа Универзитетите Северна Каролина и Џорџтаун, а триумфираа популарните Тар Хилси од околината на Шарлот, предводени од Мајкл Џордан и Џејмс Ворти. И за Џорџтаун играше кошаркар кој подоцна стана НБА легенда, Патрик Јуинг.

Победата од 63-62 за Северна Каролина ја донесе тогашниот бруцош Џордан со кош на 14 секунди до крајот. Некоја година подоцна, славниот кошаркар даде ваква изјава: „Тој кош го означи раѓањето на Мајкл Џордан. Пред тоа, за сите бев само Мајк“.

Џордан во 1984 година заигра во НБА, и освои шест титули, откако со Чикаго булс ги доби сите шест финалиња.

- Оглас -

Најнови вести