На денешен ден: Неповторливиот камбек на Кливленд за историската прва титула (видео)

На денешен ден пред четири години Кливленд кавалирс го комплетираше неверојатниот камбек против Голден стејт вориорс во финалната серија со 4-3, па Џејмс и дружината ја донесоа првата шампионска титула во историјата на франшизата и воопшто прва спортска титула во градот Кливленд.

Воините имаа предност од 3-1 во финалето пред Кавалирс да запнат за изнудување мајсторка, а седмиот одлучувачки дуел го добија со 93-89. Кливленд е првиот тим во историјата на НБА-лигата кој успеал да спаси негатива од 3-1 и притоа да стигне до титулата.

Кралот со 27 поени ги предводеше Кавси во мајсторката, Ирвинг реализира 26 и го нокаутираа Голден стејт, кој претходно во регуларниот дел постави рекорд со учинок од 73-9 во 82 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести