На денешната ждрепка која цела Европа ја чека правилото е дека – нема правила!

Денеска точно на пладне во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион ќе се изврши ждрепка за четвртфиналето и полуфиналето од Лигата на шамионите во фудбал и тоа е настан кој со голем интерес се чека кај сите љубители на фудбалот во Европа.

Четири месеци не сме гледале мечеви од елитното клупско натреварување, осминафиналето уште не е докомплетирано, а на ждрепката правилото е дека – нема правила. Нема никакви ограничувања, секој може да се падне со секого. Сезонава во ЛШ ќе го има најлудиот и најчуден финиш, нема да има двомечи, туку секој меч ќе биде како финале, или победуваш или испаѓаш.

Четири тима веќе се четвртфиналисти, тоа се Аталанта, Атлетико Мадрид, Лајпциг и ПСЖ. На 7 и 8 август ќе се знаат и другите четири учесници во четвртфиналето. Тоа ќе бидат подобрите од мечевите Баерн – Челзи (првиот меч 3-0), Јувентус – Лион (0-1), Манчестер сити – Реал Мадрид (2-1) и Барселона – Наполи (1-1).

Датумите за завршницата се следни: четвртфиналиња од 12- до 15 август (секој ден по еден меч), полуфиналињата се на 18 и 19 август, а финалето на 23 август. Завршницата е по модел на фајнал-еjт турнир, дуелите ќе се играат на стадионите на Бенфика и Спортинг, а сите мечеви ќе почнуваат во 21 часот.

УЕФА треба да потврди дека осминафиналните дуели ќе се играат на стадионите на клубовите домаќини на реваншите, а не на неутрален терен во Португалија.

Во 13 часот е ждрепката за Лигата на Европа. Таму завршниот турнир со осум тима ќе се игра во четири града во Германија, од 13 до 21 август. Финалето е во Гелзенкирхен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести