На денот кога Рома доведе дефанзивец, Јуве остана без „столбот“ на одбраната

Манчестер јунајтед по Лукаку и Санчес, го пушти и Крис Смолинг во Серија А, англискиот дефанзивец од денес е член на Рома. Римската волчица ја официјализираше едногодишната позајмица со обвсрска да исплатат три милиони евра на Црвените ѓаволи, а во договорот нема опција за целосен откуп на Смолинг.

Потврдата дека Смолинг е играч на Рома, на социјалните мрежи се појави неколку минути по објавата на Јувентус околу здравствената состојба на нивниот капитен, Џорџо Кјелини, како мала провокација за Старата дама.  Клучниот стопер на италијанскиот првак денес на тренинг ги скинал предните вкрстени лигаменти во десното колено.

Кјелини во следните денови ќе оди „под нож“, по што му следува пауза од околу шест месеци, што значи дека ќе пропушти половина од сезоната.

Во меѓувреме шанса да дебитира и да ги покаже своите способности ќе има младиот Матајс Де Лихт. Се претпоставува дека Холанѓанецот уште утре ќе го облече дресот на Јувентус во дербито против Наполи.

- Оглас -

Најнови вести