На десет дена пред почетокот на АБА-лигата, МЗТ загуби од ПАОК со 44 поени разлика

МЗТ Скопје Аеродром беше убедливо поразен од ПАОК со 53-97 во контролен меч кој се одигра во Солун.

Домаќинот имаше фантастичен шутерски ден, постигна 16 тројки, а кај МЗТ ниту еден играч не беше со двоцифрен број поени.

Бојан Крстевски со девет поени беше најпрецизен, Максвел, Магдевски и Дамјан Стојановски постигнаа по осум поени, Кафи даде 7, Војдан Стојановски 6, Велишковски три, а Миќовиќ и Пандев по два. Во составот ги немаше Јигитоглу, Мекиќ и Андоноски.

Металците веројатно ќе одиграат нова средба против ПАОК, и тоа в сабота, во „Јане Сандански“. На 1 октомври македонскиот првак има дуел со шампионот Црвена ѕвезда на стартот на АБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести