На Ди Марија не му е гајле за Икарди

Анхел ди Марија смета дека треба да помине подолго време за некој нов поединец да се вклопи со ветераните во репрезентацијата, и тоа бил проблемот на Мауро Икарди во минатото.

Откако го даде својот прв гол во дресот на националниот тим, Икарди рече дека сега атмосферата во репрезентацијата била супер, за разлика од порано, кога селектор беше Хорхе Сампаоли. Според Икарди, порано не биле обединети како тим, туку секој си влечел на своја страна, а сега е поинаку.

„Не ми е грижа што изјавил Икарди, секој може да каже што сака и што мисли. Тешко е да ги задоволиш сите уште од првиот ден кога ќе станат репрезентативци. За време на СП во 2010 имавме фантастична тимска хемија, бевме одлична група луѓе, исто беше и во 2014, кога бевме комбинација од млади и поискусни. Икарди во репрезентацијата беше еднаш или двапати со Сабеља и еднаш или двапати со Сампаоли. Тешко е да се адаптираш веднаш и уште од првиот ден сите да те сакаат“, изјави Ди Марија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести