На два дена пред да му се роди ќерка, Болт барал девојка да му праќа голи фотографии

Најбрзиот човек во светот, Јусеин Болт се најде во нова голема афера и тоа само неколку дена откако му се роди ќерка. Британскиот фото модел Шери Халидеј откри дека Болт барал од девојката да му праќа нејзини фотографии на кои таа е гола.

Шери тврди дека Болт бил упорен, а на крајот добил две фотографии на кои девојката била во долна облека. Британскиот фото модел тврди дека воопшто не знаела дека Болт има девојка, а нивниот чат се случувал само два дена пред да биде објавено дека Болт добил девојче.

„Бев шокирана кога дознав дека станал татко, посебно што воопшто не ни знаев дека има девојка. Најверојатно во иднина ќе треба малку повеќе да ги истражувам луѓето“, вели Халидеј.

- Оглас -

Најнови вести