На Елмас нов тренер ќе му биде човекот кој од Лил направи шампион?

Кристоф Галтие потврди дека го напушта кормилото на новиот француски првак Лил. Стратегот ги предводеше Данските доги до титулата во Лига 1 по 10 години пауза, но одлучи да тргне во потрага по нов предизвик.

Галтие од претходно е меѓу кандидатите за наследник на Џенаро Гатузо во Наполи, што за Елмас би било одлично за тренер да добие стратег со шампионско реноме, кој воедно покажа дека има доверба во младите играчи.

Управата на Наполи, поточно претседателот Аурелио Де Лаурентис, се предомисли околу ангажманот на Серхио Консеисао од Порто, а наводно Галтие е првата цел на контроверзниот сопственик на Наполитанците.

Дали одлуката на Галтие да замине од Лил има врска со евентуалниот ангажман на „Диего Марадона“ стадионот, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести