На ЕП во Германија натпреварите ќе се играат со „љубов кон фудбалот“ (Фото)

Европската фудбалска федерација и официјално ја презентираше топката со која ќе се играат натпреварите на Европското првенство во Германија идната година.

Официјалната топка на ЕП 2024 се вика Fussball liebe, односно „Љубов кон фудбалот“, а ја направи долгогодишниот партнер на УЕФА, германскиот производител на спортска опрема „Адидас“.

На топката доминира белата боја, но има и сегменти во црна, жолта, црвена и зелена боја, додека логоата на ЕП и на „Адидас“ се во сина боја.

 

Новата топка треба да се најде во продажба на почетокот од идниот месец, кога ќе биде одредувањето на групите во Хамбург, а цената ќе изнесува околу 170 долари.

- Оглас -

Најнови вести