На фановите на Ѓоковиќ им го погодија терминот за дуелот со Баутиста

Организаторите на Мастерсот во Мајами одлучија Новак Ѓоковиќ денеска својот меч да го игра во термин кој ќе биде идеален и за неговите навивачи во Србија и околината. Пресметката на првиот светски рекет против Шпанецот Роберто Баутиста Агут треба да почне околу 21 часот.

Пред нив, на централниот терен ќе играат Кајл Едмунд и Џон Иснер, дуел од кој победникот ќе игра со Ѓоковиќ или Баутиста Агут во четвртфиналето, а потоа уште еден меч во женска конкуренција.

Ноле има 7-2 во дуелите со 25-то рангираниот Баутиста, но на последните четири меча имаат 2-2. Баутиста славеше во полуфиналето во Доха оваа година, како и во Шангај во 2016 година, па Ѓоковиќ ќе има мотив за реванш. Последните победи на Србинот против Баутиста беа во Рим 2017 и на „Ролан Гарос“ минатата година.

- Оглас -

Најнови вести