Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, се соочува со суспензија од 12 натпревари поради наводни расни навреди упатени кон неговиот соиграч, Сон Хеунг-мин.
Тој во интервју за уругвајска телевизија беше запрашан за дрес од Кореецот, на што одговори: „Од Сон? Може да биде и некој негов роднина, сите изгледаат исто“. Ова за ФА на Англија е расна навреда, па против уругвајскиот репрезентативец е покрената истрага.
Во одбрана на Бентанкур застана и самиот Сон, кој вели дека Родриго никогаш не би го сторил тоа намерно. Веднаш по спорната изјава, на социјалните мрежи се извини и Бентанкур.