На фудбалски меч минимална е опасноста од зараза, играчите просечно се во контакт само 18 секунди

Докторот на хрватската фудбалска репрезентација, Зоран Бахтијаревиќ, кој е и потпретседател на Медицинската комисија на УЕФА, мисли дека опасноста од заразување на фудбалери за време на натпревар, речиси и да не постојат.

„Најголеми потешкотии ќе имаат земјите кои беа најтешко погодени од пандемијата. Ако за фудбалот се зборува само како за игра, тогаш шансите некој играч да се зарази се минимални. Германците направија истражување, и дојдоа до заклучок дека играчите во просек само 18 секунди се на дистанца со противник помала од еден метар.  Најдолгиот контакт траеше три минути. Како што знаеме, за да постои опасност од зараза, тој контакт треба да трае подолго од 15 минути“ – изјави доктор Бахтијаревиќ.

Лекарот на Хрватите се плаши од соблекувалните, каде на затворен простор има многу луѓе. Плус тоа, играчите после меч одат дома и имаат контакт со семејствата, и тука е потенцијалниот ризик.

- Оглас -

Најнови вести