На Гермаците ЕП не им е во фокусот, земјоделците го блокираа центарот на Берлин (Видео)

Само еден ден откако Германците во „Мерцедес-Бенц арена“ во Берлин ја совладаа Македонија, центарот на главниот град на земјата домаќин на ЕП е блокиран од земјоделците.

Уште од синоќа земјоделците со своите трактори и камиони почнаа да пристигнуваат во Берлин и денеска ја блокираа авенијата која води кон Бранденбуршката порта и на овој начин го искажуваат несогласувањето со укинувањето на даночните олеснувања за земјоделците.

Македонија својот последен меч на ЕП ќе го игра утре против Швајцарија, и тоа ќе претставува дуел за избегнување на последното место во групата А, што воедно би значело и полесен противник во баражот за СП 2025.

- Оглас -

Најнови вести