На Ѓоковиќ не му се седеше многу на теренот во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ, актуелниот бранител на трофејот на Отвореното првенство на Австралија, по брза постапка се пласираше во третото коло. Србинот немаше никакви проблеми и со 3:0 во сетови (6:1, 6:4, 6:2) го победи Јапонецот Ито Татсума, во меч кој траеше малку повеќе од еден и пол час.

За разлика од Ѓоковиќ, Марин Чилиќ се намачи за да стигне до следната фаза. Хрватот мораше да игра пет сета во дуелот против Бенуа Пер од Франција. Чилиќ го доби првиот сет со 6:2, а потоа ги загуби следните два со 7:6 и 6:3. Хрватот во четвртиот беше убедлив со 6:1, во решавачкиот петти сет се играше тај-брејк, во кој Чилиќ беше подобар со 10:3.

Најлесно помина Стефанос Циципас, кој без борба помина во третото коло откако Филип Колшрајбер го предаде мечот. Шварцман немаше проблеми против Давидович и победи со 6:1, 6:4, 6:2, додека Квери со 3:1 во сетови го елиминираше Беренкис.

Во женска конкуренција, Наоми Осака, бранителката на тронот, славеше против Женг со 6:2, 6:4, а успешно помина и тинејџерката Кори Гауф, која со 2:1 во сетови ја победи Кирстеа.

 

- Оглас -

Најнови вести