На „гуштерот“ Гризи на првиот тренинг му ја протнуваа топката низ нозе (Видео)

Антоан Гриезман го комплетираше првиот тренинг со неговиот нов клуб Барселона. Францускиот ас, за кого беа платени 120 милиони евра, веројатно вечно ќе го памети овој тренинг, на којшто му беше приредено не баш секојдневно добредојде.

Најпрвин Гриезман, па и другите двајца новаци, Френки де Јонг и Нето мораа да минат низ „тунел“ во кој од двете страни стоеја староседелците и им маваа заушки додека минуваа во средина. Потоа почна техничко-тактичкиот дел од тренингот, а додека играа „шева“ со Гриезман во средина, Иван Ракитиќ му ја протна топката на Гризи низ нозете. Засрамениот Французин виде дека не е лесно да им се одземе топката на мајсторите во Барса, па со насмевка го оттурна Хрватот. Потоа Гриезман повторно беше невнимателен и топката му мина низ нозе.

Погледнете како мина првиот тренинг на Гриезман во Барселона:

- Оглас -

Најнови вести