На легендарниот Хабиб му се заканува затворска казна!

Хабиб Нурмагомедов е еден од најдобрите фајтери во историјата на боречките спортови. Легендарниот Дагестанец во 30 борби имаше исто толку победи и со перфектен биланс ја заврши кариерата.

Тој бил спортист кој ретко се поврзувал со некакви скандали, но овојпат токму Хабиб се најде во центарот на една неубава работа. Според пишувањата, даночната управа на Русија ги блокирала сметките на Игл ФЦ организацијата, проект на Хабиб кој експресно пропадна, како што пропадна и хуманитарната организација отворена од Нурмагомедов.

Хабиб е обвинет дека затајувал данок, кој е во износ од 3,3 милиони долари. Неофицијални извори велат дека фајтерот тие пари ги искористил за купување хотел и започнување стартап-бизнис во Турција и во Обединетите Арапски Емирати.

Нурмагомедов е прогласен за виновен за затајување данок и сега му се заканува дури и затворска казна од шест години.

- Оглас -

Најнови вести