На Хиршер му е доста и трето место за рекорден 20. кристален глобус

Марсел Хиршер е недостижен за конкуренцијата и веќе го освои Кристалниот Глобус во скијањето, а денеска во Крањска Гора доволно му беше и третото место за да стаса до рекорден 20. пехар, со што се израмни со легендарната Линѕи Вон.

Во Крањска Гора слаломот му припадна на Швајцарецот Рамон Ценхојцерн, а зад него како второпласиран трката ја заврши Хенрик Кристоферсон од Норвешка.

На четири трки до крајот на сезоната Хиршер има недостижна предност од 509 поени пред францускиот ас Пантиро, бидејќи во оптек се само 400 поени.

- Оглас -

Најнови вести