На хрватските јуниори за пласман на ЕП им требаше победа од пет гола разлика, и победија со 5-0!

Вистинска драма со среќен крај за Хрватите се одвиваше во квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 17 години.

Хрватите играа со Република Ирска и за пласман на ЕП им требаше победа од пет гола разлика за да бидат пред Германија. Хрватска успеа да победи со 5-0, а петтиот гол падна во 96-тата минута. Токму тој петти гол ги однесе Коцкестите на ЕП бидејќи вака имаат за еден погодок подобра гол-разлика од Германците, со кои имаат еднаков број бодови.

До 77-мата минута беше само 2-0 и се чинеше дека немаат шанса. Но, во финишот дадоа три гола и во комбинација со поразот на Германија против Португалија со 2-3 се најдоа на завршниот турнир. Ако Хрватска победеше со 4-0, ќе имаше иста гол-разлика со Германија, а Германците ќе беа подобри на табелата поради помал број добиени жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести