На Интер му требаше една ваква победа, повторно е веднаш зад лидерот Наполи (Видео)

Интер со 2:0 го победи Лече во меч од 25. коло во италијанската Серија А, а со трите бода, Нераѕурите се вратија на второто место на табелата. Мхитарјан со гол во 29 минута најави дека победата ќе остане за тимот од „Џузепе Меаца“, а сите дилеми беа решени кога Лаутаро Мартинез зголеми на 2:0 во 53 минута.

Голот на Мхитарјан може да го видите ТУКА, а погодокот на Мартинез може да го погледнете ТУКА.

На табелата, Интер има 50 бодови, два повеќе од Лацио, додека Милан е со 47 бодови. Рома која вечерва е домаќин на Јувентус има 44 бодови. Неприкосновен лидер е Наполи со 65 бодови.

- Оглас -

Најнови вести