На Исланд му се случи истото што и на нашите младинци против Шпанија (Видео)

Голема фудбалска драма се случуваше во Рејкјавик на дуелот од Лигата на нации помеѓу Исланд и Англија, а Гордиот Албион се врати дома како победник, благодарение на гол од белата точка.

Англичаните во 70-та минута останаа без Кајл Вокер кој доби црвен картон, но 20 минути подоцна изнудија пенал кој во гол го претвори Рахим Стерлинг. Но, Исланѓаните во 93-та минута добија шанса да изедначат. Судијата Јовановиќ им додели удар од 11 метри, но Бјарнасон шутна покрај голот и испушти златна шанса на својот тим да му донесе бод.

https://twitter.com/i/status/1302306522484137984

На Исланѓаните им се случи истото погубно сценарио како на македонската репрезентација до 21 година од мечот со Шпанија од пред некој ден. Тогаш во финишот Шпанците реализираа пенал, а Митровски утна за Македонија.

Ова е голот на Стерлинг:

https://www.youtube.com/watch?v=cNY0M6hgFEI

- Оглас -

Најнови вести