На југоносталгичарот Вујо му се исполни желбата

Ракометниот стручњак Веселин Вујовиќ, е нов тренер на Борац Бања Лука. Миленикот на навивачите на Вардар, со Борац потпиша петмесечен договор, а Црногорецот истакна дека му е драго што презел клуб од Босна и Херцеговина.

„Точно е дека сум нов тренер на Борац, иако сакавме да го криеме тоа додека не биде официјално. Денеска изгледа ништо не може да се скрие. Се договоривме на пет месеци, а за понатаму ќе видиме. Борац е голем клуб со богата традиција, кој заслужува да игра важна улога и во СЕХА лигата. Со одредени засилувања, можеме да ги нападнеме трофеите. Сум работел во сите поранешни југословенски републики, ми фалеше само БиХ. Сега го комплетирав тоа и за мене како голем носталгичар, ова е големо задоволство“ – изјави популарниот Вујо кој од март беше без работа, откако се реаздели со ППД Загреб.

- Оглас -

Најнови вести