На Јувентус ова првпат му се случува во историјата на ЛШ!

Италијанскиот гигант Јувентус во последното коло ќе се бори да остане во европските купови, но не во Лигата на шампионите, туку во Лигата на Европа. Старата дама загуби на гости кај Бенфика со 4:1, во меч на кој првпат во историјата на Лигата на шампионите примаат три гола во прво полувреме.

Тимот од Лисабон водеше со 3:1 по првите 45 минути, потоа имаше водство од 4:1, а Јувентус до крајот даде два гола за 3:4 и пораз кој ги исфрли од трката за место во осминафиналето.

Освен што Јувентус првпат прими три гола во прво полувреме, Старата дама оваа сезона во елитното натпреварување ќе ја памти и како најслаба, барем според освоените бодови по првите пет кола. Првпат Јувентус има само три бодови во пет одиграни меча од групната фаза на елитното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести