На Кејн повредени му се двата глужда, ќе пропушти важни натпревари

Хари Кејн се здоби со повреди на двата глужда, по што прогнозата е дека ќе паузира најмалку месец и половина. Ако поразот од Ливерпул не беше доволно голем проблем за Мурињо, сега дополнителна главоболка му е отсуството на главниот голгетер кој во следниот период ќе пропушти неколку важни натпревари.

Со оглед на тоа дека повредите се посериозни, Кејн не би требало да игра во дербијата против Челзи, Манчестер сити и Арсенал, како и дополнителни пет натпревари во Премиер лигата, исто така и двомечот против Волфсбергер во нокаут фазата од Лигата на Европа.

Главното прашање сега е кој ќе ја пополни позицијата на Кејн. Мурињо смета дека Бејл не може да игра како класична „деветка“, ретко му дава шанса на Карлос Винисиус, па веројатно Сон ќе биде човекот кој ќе глуми шпиц.

- Оглас -

Најнови вести