На кого би се обложиле дека ќе биде светски првак пред стартот на четвртфиналето?

Со четвртфиналните дуели денеска почнува вистинската борба за титула на Светското првенство за ракометари кое се одржува во Египет. Двојките се: Данска – Египет, Франција – Унгарија, Шпанија – Норвешка и Шведска – Катар. Според квотите во обложувалниците Sport Life, главен кандидат за трофејот е Данска.

Во пресрет на четвртфиналните битки, квотата дека Данска ќе стане светски шампион е 3.00. Потоа следува Франција со квота 4.00. Данска и Франција се тимови кои ги добија сите досегашни натпревари.

Дерби на четвртфиналната програма е дуелот на Шпанија и Норвешка. Викинзите се фаворити според квотите за овој меч, но според коефициентите за светски првак, овие две селекции засега се изедначени, со квота 6. Во четвртфиналето има и две неевропски репрезентации, Египет и Катар, но нив не им се даваат големи шанси за освојување на титулата. Квотата дека Египет ќе биде светски шампион е 17, а за Катар е 35.

- Оглас -

Најнови вести