Неверојатни сцени во Бразил: Гремио е пред испаѓање а играчите на Интернасионал го испратија со ковчег (ВИДЕО)

Неретко сме ги гледале бразилските фанови со своите кореографии да направат нешто по кое што остануваме без здив.

Но, такво нешто не се очекува од фудбалерите, сепак тоа очигледно не важи за играчите на Интернасионал кои што го „закопаа“ својот голем ривал Гремио.

И тоа во буквална смисла.

Играчите на овој тим по победата над големиот ривал од 1:0, извадија картони во вид на ковчези со што значи и дека го испраќаат најголемиот ривал во втората лига на Бразил.

Сосема јасно, фудбалерите на Гремио тоа не го примија баш најдобро, па на теренот се создаде еден општ хаос.

Играчите на овој тим се наоѓаат на претпоследното, 19. место и на девет кола пред крајот се наоѓаат на седум бодови од зоната која што носи опстанок.

- Оглас -

Најнови вести