На Лапорта тешко му падна поразот од Реал, влегол во соблекувалната на судиите

Реал Мадрид славеше во 185-петтото Ел Класико со 3:1 над Барселона, а поразот тешко му падна на претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, кој по натпреварот предизвика инцидент влегувајќи во соблекувалната на судиите.

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа одличен натпревар, ги искористија своите шанси во првиот дел и постигнаа два гола, а победата ја заверија со голот од пенал на Родриго во 91-вата минута.
Токму тој момент го налути Лапорта бидејќи судијата Хозе Марија Санчез со помош на ВАР-технологијата одлучи дека контактот на Ерик Гарсија со Родриго бил прекршок за пенал.

Родриго ја презеде одговорноста и успеа да го совлада Марк-Андре тер Штеген и да ги постави конечните 3:1.

Во таборот на Барселона не беа задоволни од судењето на Санчез, а посебно лут беше Лапорта, кој по завршување на натпреварот, влегол во соблекувалната на судиите и барал објаснување за одредени одлуки.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, смета дека неговите фудбалери не заслужиле да загубат.

Не заслуживме да загубиме, чувството е многу лошо. Мора да бидеме самокритични. Знаеме дека ова не е добро, се наоѓаме во лошо расположение и мораме да го промениме тоа. Мора да бидеме агресивни и да имаме поголема желба и глад за победа“, изјави Чави.

- Оглас -

Најнови вести