На Лацио му е доволен и еден гол за победа против Фрозиноне

Лацио ја прекина серијата од три меча без победа во Серија А и со триумф од 1-0 на гостински терен против Фрозиноне се врати во битка за позициите што водат во Лигата на шампионите.

Еквадорецот Фелипе Каиседо беше на вистинското место во 36-тата минута и ја затресе мрежата на Спортиело, а тој погодок беше клучен за исходот на мечот од 22-рото коло во Калчото.

Претходно на Фрозиноне му беше поништен пенал откако се прегледуваше спорниот момент од 27-мата минута, а ВАР пресуди дека нема удар од белата точка за домаќините.

Лацио сега е на шестата позиција со 35 бодови, колку што има и вечниот ривал од Рим, Рома, а Фрозиноне остана на претпоследното место само со 13 бодови.

- Оглас -

Најнови вести