На Лев му олесна што Германија доби „лесна“ група

Фудбалската селекција на Германија очекува успешно да го помине патот до Мундијалот 2022 година, но за да стигне до Катар ќе треба да наврати и до Скопје.

Националниот состав на Македонија е еден од противниците на Панцерите во групата Ј во претстојните квалификации за Светското првенство, одреди денешната ждрепка во Цирих. На селекторот Јоаким Лев му олесна што Германија доби релативно лесна група во која што треба да доминира и да биде сигурен патник на следниот планетарен фудбалски собир.

„Мора да се признае дека добивме добра група. Мора да ја оправдаме фавотирската улога, но секако немам намера да потценам ниту еден од противниците. Ни разбирливо очекуваме да бидеме во Катар“, истакна Лев.

Освен Македонија и Германија, во групата Ј уште се најдоа селекциите на Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

- Оглас -

Најнови вести