Трети пораз во последните четири кола за Леванте во шпанската лига. Тимот на Енис Барди загуби од локалниот ривал Валенсија со 2-4, иако со головите на Роџер Марти, Леванте водеше со 2-0 по 20 минути игра. Лилјаците намалија во финишот на првото полувреме со автогол на Роџер, а потоа Гамеиро со два гола донесе пресврт, додека точка стави младиот Феран Торес.
Гамеиро е трети најефикасен Французин во историјата на Примера дивисион, зад Бензема и Гриезман.
Барди го одигра цел меч, и асистираше при првиот гол. Неговиот тим првпат загуби во лигашки меч на кој воделе со 2-0, додека Валенсија осум сезони не знаеше за победа на меч на кој губела со 0-2.