На Ливерпул малку му беше Алкантара, потроши и 45 милиони евра за уште еден играч

Ливерпул имаше многу активен ден. По преставувањето на Тијаго Алкантара за нов играч на тимот од „Енфилд роуд“, англискиот првак реши да комплетира доаѓање на уште еден фудбалер. За сума од 45 милиони фунти, црвениот дрес ќе го облече и Диого Жота од Вулверхемптон.

Досегашниот играч на Волците се согласил на петгодишен договор со тимот од „Енфилд роуд“ и е второто засилување за шампионот во овој преоден рок. За доведување на Алкантара, Ливерпул потроши 27 милиони фунти, што значи дека за само еден ден клубот потроши 72 милиони фунти за двајца нови фудбалери.

Жота е 23-годишен напаѓач кој во 2017 година дојде во Вулверхемптон и го покажа целиот свој талент. Постигна 44 гола во 131 меч, што беше доволно за Јирген Клоп да го повлече во Ливерпул.

 

- Оглас -

Најнови вести