На лудостите на Ник Кирјос им нема крај (Фото+Видео)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, кој е познат по своето контроверзно однесување, по победата на Отвореното првенство на Австралија над Лоренцо Сонего, кон неговите навивачи фрлаше пешкири како сувенири, фрли речиси сè што имаше на клупата, па реши да ја фрли и лушпата од една банана која тој ја изеде во текот на мечот.

https://twitter.com/i/status/1219596455310241792

Откако го напушти теренот, на прес-конференција беше запрашан за „инцидентот“ со бананата, а Кирјос уште и му се налути на новинарот.

„Сериозно тоа ме прашувате? Ох, Боже, не можам да поверувам. Ајде следното прашање“, рече Кирјос, кој се држеше за глава.

На навивачот кој го фати „сувенирот“ не му преостана ништо освен да се насмее.

- Оглас -

Најнови вести