На мака се познаваат јунаците – Спортска прогноза со ново коло во трка за првиот „ајфон“ сезонава

Новото 21-во коло на Спортска прогноза од вчера е во тек, а сè уште се чека на јунакот што прв во втората сезона од играта ќе има максимален број погодоци и ќе го добие прекрасниот мобилен телефон IPhone XS.

И во ова коло има интересни 13 двојки во основната програма и два резервни пара, а во фокусот се дерби-дуелите во Ла Лига меѓу Реал и Атлетико во Мадрид и меѓу Тотенхем и Манечстер сити што ќе се игра во Лондон и е во рамките на Премиер лигата.

Почетокот речиси стандардно е со меч од Бундеслигата, а за вас овојпат го одбравме мечот меѓу Хофенхајм и Баер Леверкузен, што ќе се игра во сабота од 15.30 часот. До тој термин можете да ги прогнозирате натпреварите од ова коло во трката за супер награди.

Премијата за секое коло е „ајфонот“, а Sport Life и Спорт Манија, кои се организатори на бесплатната игра, подготвија награди дури и ако не погодите еден или два пара од популарната „Тринаесетка“.

Со 12 погодоци се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, што ќе можете да го искористите со тикет по ваш избор. Сите учесници што ќе погодат 11 двојки, ќе добијат ваучери во вредност од 500 денари.

Трката во Генералниот пласман е сè поинтересна како што се оди кон последната фаза од фудбалската сезона. Долг период Христијан Т. е лидер, а со одлично одиграни прогнози тој има вкупно 148 поени, 8 повеќе од второ и третопласираните прогнозери.

Шампионот на крајот на сезоната ќе добие убава награда, Смарт телевизор од 48 инчи. Sport Life ќе ги награди и останатите четворица најдобри прогнозери во Топ-5, а за нив ќе има многу поени што ќе можат да се искористат во СЛ Маркетот на обложувалницата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести