На Македонија ѝ е потребно чудо во Тбилиси за да биде прво место во групата

До септември 2020 година селекциите на Македонија и Грузија никогаш се немаа сретнато на фудбалскиот терен, а во последниве две години тоа се ривали кои водат многу значајни битки.

На 8 септември 2020 година Македонија првпат гостуваше во Тбилиси и одигра 1:1 во меч од групна фаза во Лигата на нациите. Еден месец подоцна 1:1 беше и на возвратниот дуел во Скопје, а овие два меча беа како најава за шоуто кое се случи во ноември истата година.

Македонија повторно гостуваше во Тбилиси во меч кој решаваше за патникот на ЕП и победи со 1:0. Ждрепката на УЕФА сакаше овие селекции да играат и во новата сезона од Лигата на нациите, а Грузија во јуни оваа година со убедливи 3:0 победи во Скопје.

Со овој триумф, Грузијците речиси си го обезбедија првото место, кое ќе ги однесе во баражите за ЕП 2024 година. Македонија има теоретска шанса да се бори за првото место, но за да се случи тоа, избраниците на селекторот Благоја Милевски мора да победат со четири гола разлика.

Ако се знае дека Македонија во досегашните четири дуели против Грузија вкупно има постигнато три погодоци за 360 минути игра, на теорија се сведени шансите за 90 минути Македонија да победи со четири разлика во Тбилиси и да се искачи на првото место на табелата.

Од досегашните четири дуели, три се завршени со 0-2 погодоци, но за оние кои веруваат дека може да има повеќе од два гола, вреди да се одигра и комбинацијата 2-3 гола. За 4+ вечерва на „Динамо арената“ ќе биде тешко остварливо.

- Оглас -

Најнови вести