На Македонија ѝ треба поддршка за успешна јунска сесија, влезниците за Грузија и Гибралтар не се скапи

На Македонија ѝ треба поддршка од публиката на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје за да ја заврши успешно и без пораз јунската испитна сесија од четири фудбалски натпревари, а билетите за дуелите со Грузија и Гибралтар не се скапи.

На 9 јуни го играме најважниот меч во јуни, а гостин ни е опасната Грузија, која е лидер во нашата група, а нема пораз на последните 7 меча.

Три дена подоцна сме фаворити за нов триумф против Гибралтар, овојпат во Скопје, а овие натпревари може да се гледаат во живо од трибините на Националната арена за сума од 350 и 250 денари.

Влезниците веќе се пуштени во продажба преку Мк Тикетс и се продаваат по цена од 250 денари за северната трибина, 250 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350 денари за централните блокови 3 и 4 од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи.

Македонија по две кола во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите има 4 бода, по ремито со Бугарија 1:1 во Разград и победата од 2:0 на гости кај Гибралтар.

Грузија е прва со две убедливи победи, прво против Гибралтар дома со 4:0, а потоа на гости со Бугарија со 5:2.

Бугарите имаат само еден бод, а апсолутниот аутсајдер Гибралтар е без бодови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести