На Манџукиќ во Милан, одговорот ќе биде Џеко во Интер?

Интер и Рома се во преговори за размена на напаѓачите Един Џеко и Алексис Санчес. Босанецот не е во добри односи со тренерот Пауло Фонсека и Рома бара начин како да се ослободи од Дијамантот, па на Интер му понуди трампа, со која Чилеанецот би дошол во главниот град на Италија.

Нераѕурите се заинтересирани за Џеко, но им пречи поголемата плата која ја зема од Санчес, па се преговара за наоѓање начин (или Џеко да се согласи на помала плата или уште некој играч да биде вклучен) како да бидат задоволни сите страни.

Се спомнуваше и трампа на Интер и ПСЖ во која би биле Џеко и Мауро Икарди, Џеко и самиот на социјалните мрежи најави дека добро би било ако заигра и освои титула и во друго првенство, покрај овие во кои досега настапувал.

- Оглас -

Најнови вести