На мечот на легендите малку фалеше навивачите да гледаат и тепачка (Видео)

За време на ревијалниот натпревар на легендарните фудбалери кој се играше во Бразил, малку фалеше фановите на трибините да гледаат и тепачка, а во главните улоги беа Кларенс Седорф и Жосуе.

Поранешните ѕвезди на Сао Пауло и на Милан на стадионот „Морумби“ одиграа 4:1, но во центарот на вниманието се најде и дуелот меѓу Седорф и Жосуе.

Бразилецот грубо стартуваше врз Седорф и тоа не му се допадна на Холанѓанецот кој му пријде на Жосуе и го оттурна. За среќа нивните соиграчи експресно реагираа и спречија поголем инцидент.

Додо постигна хет-трик за Сао Пауло, а четвртиот гол за бразилскиот тим го даде Валбер, додека единствениот гол за Милан беше дело на Рикардо Оливеира.

За екипата на Сао Пауло настапија: Бонекуини, Лугано, Фабао, Кафу, Жуниор, Валбер, Жосуе, Кака, Раи, Милер и Палиња.

За Милан настапија: Дида, Андре Круз, Костакурта, Панучи, Закардо, Емерсон, Броки, Карбоне, Сержињо, Седорф, Рикардо Оливеира.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести