На Михајловиќ му претстои нова животна битка: Тренерот на Болоња позитивен на ковид-19

Синиша Михајловиќ на почетокот од оваа година прогласи победа против леукемијата по долгата битка, но сега ќе води нова со корона-вирусот.

Српскиот тренер на Болоња е позитивен на ковид-19, меѓутоа засега не покажува симптоми, што е добра вест со оглед на тоа дека имунитетот до неодамна му беше доста слаб поради леукемијата.

Михајловиќ нема да присуствува на стартот од подготовките на неговата екипа кои се закажани за понеделник, туку ќе мора да остане до две недели во самоизолација, а со посебно внимание ќе се следи неговата состојба.

- Оглас -

Најнови вести