На Милитао му се слоши среде прес-конференција и си замина (Видео)

Дали од замор, од возбуда или од нешто трето, новиот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао, доби вртоглавица среде прес-конференција и мораше да ја напушти салата.

Милитао имаше напорен ден, прво беше на лекарски прегледи, кои ги мина без проблем. Потоа го потпиша договорот со Реал, па имаше претставување пред јавноста, се појави и на теренот на „Сантијаго Бернабеу“. Потоа се врати во салата за прес-конференции и одговараше на бројни прашања.

При крајот, почна да дава гестови дека му е многу топло и дека има вртоглавица, по што се извини и го напушти пресот. Пред да си замине, тој одговараше на прашања и кажа дека секој меч ќе го игра како да му е последен, дека повеќе ја сака титулата во Лигата на шампионите отколку шпанската лига, а немаше посебна желба за тоа која бројка на дресот ја посакува.

Непријатната ситуација е во последните две минути од видеото:

 

 

- Оглас -

Најнови вести