На најдобриот во Премиер лигата му е сеедно што Меси не му стана соиграч

Кевин Де Бројне воопшто и не размислувал за тоа дали Лионел Меси ќе му стане соиграч, откако варијантата Аргентинецот да го засили Манчестер сити летово веќе пропадна.

Можност за такво нешто постои идната година, кога на Аргентинецот му завршува договорот со Барселона, но Белгиецот вели дека му е сеедно што до спектакуларен трансфер не дојде летово.

„Навистина воопшто не размислував за тоа. Ќе беше спектакуларен трансфер и секако дека Меси ќе беше големо засилување за нас, но јас не се оптеретував со тоа дали тој ќе дојде, или не. И вака сме одличен тим и играм со фудбалери што се исклучително квалитетни“, вели Де Бројне.

Белгиецот беше прогласен за најдобар фудбалер на англиското првенство што се играше во чудни услови, во екот на пандемијата со корона-вирус.

Многумина сметаат дека Де Бројне и Меси ќе беа спектакуларен тандем во офанзивата на Манчестер сити, но таквата варијанта пропадна засега, но може да биде реалност идното лето.

Белгиецот и неговиот тим паузираат викендов, бидејќи мечот на Сити против Астон Вила е одложен, а стартот за популарните Граѓани ќе биде во второто коло, против Вулверхемптон на 21. септември.

- Оглас -

Најнови вести