На натпревар во ОАЕ има една чиста „двојка“

1960 Алтај – Умранијеспор (17.00 часот)

Алтај е во добар ритам, домашните имаат серија од три победи по ред и ако слават и вечерва, ќе се изедначат со Гиресунспор, кој е лидер на втората турска лига. Умранијеспор не е толку лош, во последните четири кола има две победи и само еден пораз, но типуваме победа на тимот од Измир. Умраније победи двапати против Алтај во минатата сезона, нема да им биде лесно да го повторат успехот.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50)

 

5292 Хата – Ал-Шарџа (15.00 часот)

Ова треба да биде „подарок“ за обложувачите бидејќи секаков друг исход освен победа на гостите, ќе биде сензација. Ал-Шарџа е лидер на табелата во првенството на Обединетите Арапски Емирати, а овој тим во минатото коло го претрпе првиот пораз и сигурно ќе сакаат да се вратат на вистинскиот пат. Хата е многу слаб тим кој во досегашните десет кола освои само еден бод, но интересно е што има позитивна традиција, дома од Ал-Шарџа не загубиле од 2016 година.

Предлог тип: 2-2 (1.63)

 

8001 Мајами хит – Њу Орлеанс пеликанс (18.00 часот)

Жешките сезоната во НБА-лигата ја отворија со пораз, а Пеликаните со победа, па гостите во попозитивно расположение влегуваат во овој дуел на католички Божиќ, кој се игра рано попладне по американско време. Овие тимови играа контролен меч пред десет дена и ако треба да биде некаков сигнал, Њу Орлеанс победи со 114-92.

Предлог тип: <225.5 (1.68)

 

8312 Милвоки бакс – Голден стејт вориорс (20.30 часот)

Ова е едно од дербијата на вечерта во НБА. Адетокумбо ќе биде мотивиран на својот тим да му ја донесе првата победа сезонава, а на дуелот со Бруклин се виде дека Воините имаат проблеми со одбраната. Бакс од август нема победа во регуларен дел, а имаат и негативна традиција против Голден стејт. Сепак, Милвоки последен пат играл дома против Голден стејт пред две години, доста работи се сменети оттогаш. Кај гостите сега го нема Томпсон, а Бакс е тим кој се бори за титула.

Предлог тип: 1 & <231.5 (2.35)

 

8007 Будуќност – Крка (17.00 часот)

Крка е во неверојатна серија од четири победи по ред, од кои најголемата минатото коло против Партизан, а Будуќност во минатото коло го претрпе првиот пораз. На Црногорците нема да им биде лесно да победат доколку го потценат противникот. Домашните се големи фаворити и не би смееле да киксираат. Будуќност во „Морача“ никогаш не загубил од Крка, а од последните четири гостувања во Подгорица, Крка се врати дома со порази од 15 или повеќе поени разлика.

Предлог тип: Х 2 -10.50 (1.88)

- Оглас -

Најнови вести